Календарски, летото е сè поблиску, а неговиот синоним е секако праска.
– Покрај тоа што се освежителни, праските се и добар извор на минерали, витамини, антиоксиданси, влакна и даваат важни здравствени придобивки – вели Јасна Вујичиќ, виш диететичар-нутриционист.
Таа ги открива придобивките од јадењето праски за нашето здравје:
- Богат е со витамини А и Ц;
- Полн е со влакна кои се добри за варење;
- Одлични се за здравјето на срцето;
- Брилијантно освежуваат и хидрираат;
- Добри се за здравјето на кожата.
Праските се многу освежителни поради големиот процент на вода, а земајќи ја предвид нивната ниска енергетска вредност, идеални се за различни диети. Имаат диуретичка улога, го прочистуваат организмот и го подобруваат дигестивниот систем.
Праските се богати со антиоксиданси , во форма на бета-каротин, витамини Ц и Е, други каротеноиди и други фитохемикалии, кои ги спречуваат ефектите на слободните радикали, кои се нестабилни молекули кои се произведуваат како нуспроизвод на клеточната оксидација.
– Со конзумирање на праски и други овошја богати со антиоксиданси, ќе спречите хронични заболувања предизвикани од дејството на слободните радикали.