7 Квадратни километри ОСЛОБОДЕНИ ЗА 7 ДЕНА: Украина најави нови напредувања на војниците на истокот и југот на земјата

Украина денеска објави дека минатата недела ослободила седум квадратни километри територија окупирана од руската армија на истокот и југот на земјата.

Според агенцијата Франс прес, тоа се мали напредоци кои, како што се надева Киев, порано или подоцна ќе се претворат во пробив, по повеќе од три месеци контраофанзива.

Заменик-министерката за одбрана Хана Малиар изјави дека минатата недела украинските сили повторно зазеле два квадратни километри во областа околу Бахмут, поточно селата Андријевка и Кишчивка.

Украинска армија, Украина

На југ, украинската армија собра 5,2 квадратни километри.

Севкупно, од почетокот на офанзивата, Киев вели дека ослободил 51 квадратен километар во близина на Бахмут и 261,7 квадратни километри во јужниот дел на фронтот.

Украинските воздухопловни сили денеска одделно соопштија дека собориле 18 дронови и 17 проектили лансирани од Русија за време на последните ноќни напади на украинска територија.