Со постудените денови пристигна и сезоната на вируси и настинки, а како верен сопатник на ваквите болести најчесто се јавува иритирачка кашлица. Д-р Мајкл Ханак, професор на Универзитетот во Чикаго, даде едноставни и природни совети кои можат да ни помогнат во борбата против кашлицата и болките во грлото.
Гаргара со солена вода
Лесен начин за ублажување на кашлицата е солената вода. Солта делува против бактерии, но не и против вируси, па можеби нема да ве излечи, но секако има благотворно дејство. Измешајте половина лажичка кујнска сол во малку вода и направете добро гаргара.
Пијте чај од ѓумбир
Освен што е добро познат по својата моќ да ги ублажува стомачните тегоби, ѓумбирот се покажал и како моќен сојузник во борбата против кашлицата, пренесува магазинот Women’s Health.
Додадете мед во пијалоците
Смирете ја кашлицата и болките во грлото додека уживате во нешто слатко. Додадете мед во вашите пијалоци или изедете една кафена лажичка. Медот има антиинфламаторно и смирувачко дејство на горниот респираторен тракт.
Легнете во топла бања или туширајте се со топла вода
Освен што ќе ве опушти, топлата купка ќе ви помогне и при кашлица и притисок во синусите.
Хидрирај се
Хидратацијата е важна секој ден, но може да биде особено важна кога имате кашлица. Соодветниот внес на течности може да помогне да се разреди слузта во задниот дел на грлото, што ќе доведе до ослободување од кашлање .
Јадете храна која содржи пробиотски култури
Храна богата со пробиотици се јогуртите, кефирот, кисела зелка, мисо…
Пијте чај од куркума
Куркумата има силни антиинфламаторни својства и помага во ублажување на иритацијата и болките во грлото.