Путин јасен по американскиот извештај: Истовремена војна со Русија и Кина тешко може да им текне на нормалните луѓе (фото)

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека извештајот на американскиот Конгрес за потребата од подготовка за истовремена војна со Кина и Русија не треба да се сфати сериозно.

Путин наведува дека идејата за конфликт меѓу нуклеарните сили „едвај ќе им текне на луѓето со здрав разум“.

– Тоа е глупост, се разбира, не мислам дека сето ова е сериозно. Едноставно меѓусебно се плашат – изјави Путин во интервју за ,,Павло Зарубин”.

Во исто време, тој предупреди дека ако САД сакаат да се борат против Русија, тоа нема да биде специјална воена операција, туку сосема поинаква војна.

Путин исто така истакна дека Вашингтон е иницијатор за влошување на односите со Москва и Пекинг и ги притиска своите европски сојузници да го сторат тоа иако Брисел не сака да се кара со Кина.

– Обемот на трговската размена на ЕУ со Кина расте постојано и со уште побрзо темпо од онаа со Русија – рече Путин.

Комисијата на американскиот Конгрес, да потсетиме, неодамна презентираше извештај во кој се препорачува изградба на нуклеарно и конвенционално оружје и зајакнување на воените сојузи. Во документот се нагласува дека Вашингтон и неговите сојузници мора да бидат подготвени истовремено да ги задржат и поразат Кина и Русија бидејќи меѓународниот поредок предводен од САД и вредностите за кои тие се залагаат се загрозени од двата „авторитарни режими“.

Русија неодамна одлучи да ја повлече својата ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови на иницијатива на Путин.

МНР соопшти дека на властите не им преостанува ништо друго освен да ја балансираат ситуацијата и да ја стават земјата на рамноправна основа со Соединетите Американски Држави.

Путин рече дека ова ќе и’ овозможи на Русија да го тестира „новото оружје“ за да се увери дека специјалната боева глава ќе работи успешно. После тоа, тој вети дека ќе ги стави во масовно производство крстосувачките ракети Буревестник со нуклеарен погон и ракетите Сармат.

Ди-Ен-Ен напиша дека Руската Федерација почнала да подготвува полигон за нуклеарни тестирања на Нова Земља. Кина го предупреди Вашингтон да не си игра со оган по американскиот извештај во кој се наведува можноста за симултани војни со Москва и Пекинг.