Германецот ја презема Барселона: Медиумите го споменуваат Јирген Клоп кој веќе прави чистка! Но, има и друг фаворит

За само неколку дена два гиганти на европскиот фудбал доживеаја ,,земјотреси”.

Јирген Клоп објави дека по девет години ја напушта клупата на Ливерпул на крајот од сезоната. Во саботата, Чави Ернандез се реши на истиот чекор , тој најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

Не требаше долго да започнат шпекулациите за тоа како Клоп точно ќе ја преземе Барселона. Темата ја започнаа шпанските медиуми, а потоа и англиските, кои отидоа чекор понатаму.

Англиските медиуми пишуваат дека Клоп веќе разговарал со претседателот на Барселона, Лапорте и по тој повод рекол дека мора да се направи сериозен рез во играчкиот кадар.

Германецот побара сериозна сума на пари за засилувања, па се шпекулира дека за двајцата напаѓачи треба да се издвојат само 100 милиони евра.

Се известува и дека Клоп на стартот рекол дека нема место за пет играчи на Барселона. На листата се наоѓаат Серхи Роберто, Ориол Ромеу, Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Рафиња.

Сепак, останува да се види колку оваа информација е блиска до реалноста. Клоп најави дека по заминувањето од Ливерпул ќе паузира една година од фудбалот за да ги наполни батериите.

Во исто време, медиумите блиски до Барселона пишуваат дека прв пик на претседателот Лапорта е уште еден Германец – Ханси Флик, актуелниот селектор на Германија. Флик доби отказ во септември и оттогаш е без работа. Најдобри резултати постигна со Баерн со кој освои се што беше можно.