“AIR SERBIA“ ЌЕ ГИ ЕВАКУИРА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ИЗРАЕЛ – Владата ќе ги превземе трошоците, а утре ќе се организира првиот лет
Српската авио-компанија „Air Serbia“ ќе ги евакуира граѓаните на Македонија од Израел.
Во петок, на 13. октомври, ќе биде организиран лет за граѓаните на Македонија кои се во Израел и кои други авио-компании ги оставиле без можност да се вратат дома.
Според информациите, трошоците за летот се на товар на Владата на Македонија , која штотуку објави соопштение со оваа информација.