Apple се согласи да плати отштета од 95 милиони долари во тужба поднесена бидејќи нејзиниот гласовен асистент Siri снимал приватни разговори.
Спогодбата беше поднесена во федералниот суд во Оукленд, Калифорнија и се чека на одобрување од американски окружен судија.
Во тужбата за колективна акција се наведува дека Apple „често снимал“ разговори откако гласовниот асистент бил ненамерно активиран. Овие разговори подоцна се споделуваат со трети страни, вклучувајќи ги и огласувачите. Групата тврди дека им биле понудени патики Ер Џордан, понуда од ресторанот Олив Гарден, па дури и одреден тип на хируршки третман, односно за она што приватно разговарале со лекарите.
Ројтерс објави дека порамнувањето од 95 милиони долари всушност претставува девет часа од профитот на Apple. Компанијата објави профит од 93,74 милијарди долари во последната фискална година.