DS Automobiles отвора преднарачки за новиот N°8, чини 59.200 евра

Францускиот премиум бренд DS Automobiles отвори пред-нарачки за својот нов електричен модел DS N°8, технолошки напреден електричен фастбек со „вкус“ на кросовер, кој треба да стане предводник на компанијата.

Во Франција, DS N°8, поточно неговата основна верзија Pallas со погон на предните тркала чини 59.200 евра, додека најдобро опремената верзија Etoile Long Range со погон на сите тркала чини 74.600 евра. Оваа поскапа верзија користи два електромотори со вкупна моќност од 375 КС и батерија со капацитет од 97 kWh, што обезбедува импресивни 686 километри досег.

Неговиот систем за полнење од 160 kW може да ја наполни батеријата од 20 до 80 проценти капацитет за 27 минути, што ќе овозможи автономија од 450 километри. Поддржува и 11 kW AC полнење преку еднофазни и трифазни полначи.

DS N°8 е опремен и со технологија за осветлување DS Pixel Vision со опсег од повеќе од 500 метри, суспензија Active Scan, камера која го анализира патот за поудобно возење и многу повеќе. Drive Assist 2.0 поддржува полуавтоматско менување лента и функцијата Predictive ACC, која ја прилагодува брзината според профилот на патот и ограничувањата на брзината.

Првите испораки на DS N°8 се планирани за втората половина на 2025 година.