Владата на Народна Република Кина за учебната 2025/2026 година доделува две стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации, информира Министерството за образование и наука.
Краен рок за пријавување е 15 јануари 2025. Прифатените кандидати ќе ги почнат студиите од септември идната година. Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.
Во објавата на МОН има информации за документите што треба да се прикачат при онлајн пријавувањето и контакти за дополнителни информации за заинтересираните кои може да ги добијат и на интернет-страниците http://www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.