LANCIA ги открива плановите: Се знае кога ќе пристигне новиот Ypsilon и кои модели го следат (ВИДЕО)

Италијанскиот бренд Lancia „спие“ последниве години, но сега се буди од тој сон, а по концептот прикажан во април, откриваат уште некои планови за блиска иднина.

Моментално нудат еден модел, Ypsilon, но открија дека новата генерација на овој модел ќе пристигне во 2024 година, а ќе следат и други модели.

Најверојатно новиот Ypsilon ќе се базира на платформата на концернот CMP, како што се Opel Corsa и Peugeot 208, па сепак ќе биде помал автомобил.

Погонот ќе биде целосно електричен или plug-in хибрид, а веќе е јасно како ќе изгледа – некои дизајнерски елементи се базирани на концептот Lancia Pu+Ra HPE.

Моделот Ypsilon ќе го следи моделот Гама (2026 година), кој ќе биде премиум класата на марката. Засега знаеме само дека ќе биде долг 4,3 метри, дека ќе има погон на предните или на сите четири тркала и дека ќе има автономија од околу 700 километри.

За 2028 година, Lancia планира да претстави нова верзија на моделот Delta, а тоа ќе биде електричен автомобил, според досегашните информации.