„MУ РАСКРВАРИВ НОС НА НАСИЛНИК ОД СОСЕДСТВОТО “ Бајден во емисија откри шокантни работи за себе и неговото семејство

Зборуваше за бројни теми

Американскиот претседател Џозеф Бајден раскажа како еднаш, кога бил мал, му го раскрварил носот на насилник од соседството. Тој во подкастот „On Purpose“ , кој обработува теми поврзани со менталното здравје, рече дека еднаш бил нападнат од насилник од соседството, по што мајка му го советувала: „Џои, оди надвор, чекај да дојде кај тебе. , и штом дојде направи го тоа – удри го право во нос. Ќе ти дадам 50 центи“.

Кога прашал зошто треба да го направи тоа, мајка му му рекла дека ако не го направи тоа, нема да може повторно да оди на улица.

– Бев преплашен до смрт. Пријдов до него и го удрив во носот. Крвареше, а потоа побегна –  рекол Бајден, пренесе Ројтерс. Тој, исто така, на подкастот рече дека има седум внуци, откако јавно го призна своето седмо внуче за прв пат во изјава за магазинот People во петокот.

Станува збор за четиригодишно девојче кое е ќерка на неговиот син Хантер. За време на разговорот, тој откри дека гледа малку телевизија, но постојано гледа филмови во киното во Белата куќа, додавајќи дека моментално прв на неговата листа на филмови што допрва треба да ги гледа е „Опенхајмер“, кој се занимава со развојот на атомски бомби што САД ги фрли врз Јапонија во Втората светска војна.