NEW YORK TIMES ВО ГОЛЕМА АНАЛИЗА ПИШУВА ЗА ГОЛЕМИОТ НЕУСПЕХ НА РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛЖУБИ – Како и зошто Бенјамин Нетанјаху го потцети Хамас !?
Израелската воена разузнавачка служба престана да ги слуша радио комуникациите на оперативците на Хамас во Појасот Газа пред една година, бидејќи тоа тогаш се сметаше за „залуден напор“, пишува весникот New York Times.
Во опширниот извештај за пропустот на разузнавањето што му овозможи на Хамас да изврши масакр во јужен Израел на 7. октомври, њујоршкиот весник наведува дека американските шпионски агенции, исто така, главно престанале да собираат информации за Хамас во претходните години, верувајќи дека Израел успеал во сузбивањето на заканата од Хамас.
Извештајот на New York Times, базиран на интервјуа со десетици израелски, арапски, европски и американски функционери, како и извештајот на израелската Влада за упадот на 7. октомври, открива неколку работи.
Се наведува, меѓу другото, дека израелските безбедносни сили со месеци се обидуваат да го предупредат премиерот Бенјамин Нетанјаху дека политичката нестабилност во земјата ја ослабела државната безбедност и ги охрабрила непријателите на Израел. Се додава дека еден ден во јули Бенјамин Нетанјаху дури одбил да се сретне со висок генерал кој сакал да го предупреди на заканата, носејќи доверлив документ.
Израелските власти, наводно, со години ја потценувале заканата од Хамас, особено во пресрет на нападот.
Официјалната проценка на израелското воено разузнавање и советот за национална безбедност во мај 2021 година вели дека Хамас нема интерес да започне напад од Појасот Газа, потврдиле пет лица запознаени со проценката под услов да останат анонимни. Наместо тоа, израелските разузнавачи процениле дека Хамас се обидува да поттикне насилство врз Израелците на Западниот Брег, кој е под контрола на палестинските власти.
Исто така, се истакнува дека Бенјамин Нетанјаху и водечките израелски безбедносни функционери верувале дека Иран и Хезболах претставуваат најголема закана за Израел, што го оттргна нивното внимание од Хамас.
Кон крајот на септември, високи израелски функционери изјавија за New York Times дека се загрижени дека Израел може да биде нападнат во следните недели или месеци, на повеќе фронтови, но од ирански групи – никој не спомна дека Хамас ќе започне војна со Израел од Појасот Газа.
Весникот додава дека израелските политичари и безбедносни сили се убедени со нивната ароганција дека воената и технолошката надмоќ на Израел над Хамас ќе ја држи терористичката група под контрола.