Производството во групацијата Фолксваген денеска е целосно парализирано поради дефект на централната информациска инфраструктура.
„ИТ прекинот на мрежните компоненти на локацијата во Волфсбург од 12:30 часот имаше импликации врз капацитетите за производство на возила“, потврди портпаролот на германскиот производител на автомобили, според Handelsblat.
Тој изјави дека е повикана кризна екипа бидејќи се зафатени големи делови од ИТ мрежата и фабричките капацитети, но засега не се знае причината за дефектот.
Според компанијата, производството во главната фабрика во Волфсбург, како и во Емден, Оснабрик и Цвикау е привремено прекинато.
Во моментов ништо не работи ниту во канцелариите во седиштето на Волфсбург, а степенот на прекинот се уште не е прецизно утврден. Како што дознава Handelsblat од круговите на компанијата, врз основа на достапните податоци, напад од надвор се смета за неверојатен, а фабричките тимови во моментов работат напорно за да го решат проблемот.