Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше по физичките пресметки во Собранието на Косово, нарекувајќи го срамно однесување.
Во објава на Твитер, Рама рече дека „вака да се изразува опозицијата значи да се оцрниш себеси“.
„Да не се согласувате со премиерот е демократско, да го изразите своето противење вака е да се оцрните себеси, вашите гласачи и целата држава со срам што денес му штети на Косово на меѓународно ниво, повеќе од кој било политички став што го спротивставувате на премиерот! , пишува Рама.
„Замислете како се чувствуваат незаменливите сојузници и пријатели на Косово и на Албанците, кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, каде што треба да се борат со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници! Навистина посакувам опозицијата да се огради од ова срамно однесување и да му служи на Косово со силата на примерот, а не со примерот на силата!“, додава Рама.