Tурскиот парламент ќе има најголема застапеност на жени во историјата

Застапеноста на жените во новиот состав на Големото народно собрание на Турција (ТБММ) ќе биде најголема во историјата по изборите одржани на 14 мај.

Според неофицијалните резултати ,121 жена обезбеди место во турскиот парламент, кој брои вкупно 600 пратенички места.

Стапката на застапеност на жените, која на минатите избори изнесуваше 17,1 отсто, овој пат порасна на 20,1 отсто. Во парламентот влегоа 50 пратенички од владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија), 30 од Републиканската народна партија (ЏХП) и Зелена левица, шест од Партијата ИЈИ, четири од Партијата на национално движење (МХП) и една од Турската работничка партија.

Најмлади пратенички во новиот парламент на Турција се 25 годишната Зехранур Ајдемир и 27-годишната Румејса Кадак, двете од АК Партија.

На 14 мај во Турција се одржааа редовните парламентарни и претседателски избори. Излезноста на гласачите изнесуваше 88,92 отсто, а излезноста на турските државјани во странство изнесуваше 52,69 отсто.

Народниот сојуз, предводен од АК Партија, освои мнозинство во парламентот, додека претседателската трка оди во втор круг во кој на 28 мај ќе учествуваат актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган од Народна алијанса предводена од АК Партија и Кемал Киличдароглу од опозициската ЏХП, која ја предводи Националната алијанса.

ТРТ БАЛКАН