Поранешната сопруга на Шварценегер привлече внимание со непрепознатливото лице: Изгледа страшно (фото)

Новинарката и поранешна сопруга на Арнолд Шварценегер Марија Шрајвер била забележана за време на прошетка во јавноста, а многумина биле згрозени од фактот што поранешната прва дама на Калифорнија изгледа речиси непрепознатливо.

Шрајвер е забележана во Санта Моника, каде лежерно го обиколувала местото каде што го гради својот нов дом.

Во црни хулахопки, виолетова маица и пар сиви патики, таа се шеташе покажувајќи го своето лице без шминка, но многумина забележаа дека Шрајвер направила некои третмани за лице, кои, очигледно, не оделе во вистинската насока.

Нејзините фотографии се појавија и на Твитер, а некои се согласија дека Американката изгледа “застрашувачки“.

“Понекогаш е подобро да старееш грациозно отколку да уништиш се обидувајќи се да изгледаш помладо“, напишал еден корисник.

Инаку, изгледот на Шрајвер сега е доведен во контекст со нејзините предавања за концептот на стареење, за кои таа се консултирала со бројни експерти. Исто така, овој октомври треба да се одржи и самитот “Radical Reframing Aging“ поврзан со споменатата тема.

Марија, да се потсетиме, се раздели од нејзиниот поранешен сопруг во 2011 година, откако дозна дека тој добил дете со нивната куќна помошничка Милдред Баена.

Иако барањето за развод беше брзо поднесено, бракот заврши дури десет години подоцна.

Поранешните сопружници се венчаа во 1986 година и имаат четири деца, Кетрин, Кристина, Патрик и Кристофер. Тие долго време живеат одвоено, а актерот среќата ја најде со Хедер Милиган во 2012 година. Денеска се во добри односи, а често можеме да ги видиме заедно во јавност.