Барби Брена беше хит во Југославија: Еве колку чини денес, а може да се продава на делови

Барби Лепа Брена тогаш уриваше рекорди на продажба, што е доказ колку оваа пејачка била популарна на територијата на поранешна Југославија.

По големиот успех на филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг, Музејот на Југославија на социјалните мрежи објави фотографии од кукла Барби според ликот на Лепа Брена. 

– Додека целиот свет е луд по новиот филм „Барби“, ние од колекцијата избираме барбика направена во ликот на Лепа Брена

. Овој производ со ликот на познатата пејачка е продуциран со албумот „Боли ме уво за све“, кој е и саундтрак за филмот „Ајде да сакаме 3 – Удаје се Лепа Брена“ од 1990 година.

Иако беше изоставен од актуелниот филмски спектакл, музејот е таму да ја исправи неправдата и да потсети на овој значаен југословенски придонес за Барбиленд – напишаа тие.

Многу колекционери се заинтересирани за оваа кукла, која ја имаа многу девојки во Југославија. Денес вреди околу 250 евра. Цената, се разбира, зависи од зачувувањето и опремата што оди со неа. Интересно е и тоа што барбиката Лепа Брена се продава на делови. Можно е да се најде само глава, рака или нога. Цената на поединечните делови се движи од пет до 20 евра.