МИСТЕРИОЗЕН КРАТЕР НА ГРАНИЦАТА НА РУСИЈА И УКРАИНА Се појави необјасниво во поле со пченка, никој не знае колку е длабоко, ниту што има на дното (ВИДЕО)

Во близина на границата на Русија и Украина се појави мистериозен кратер, кој е толку длабок што не се гледа неговото дно. Дупката е пронајдена во поле со пченка во близина на градот Гуков во Ростовската област.

Најпрвин мештаните се посомневале дека кратерот е предизвикан од уривање на рударско окно, но од градската управа соопштија дека на тој простор нема рударски тунели.

Краткото видео прикажува огромна дупка, опкружена со сено, која е толку длабока што не може да се види нејзиниот крај и она што е на дното.

– Толку е длабоко што е страшно да се погледне. Не можете ни да видите колку е длабоко – се слуша човекот што снима.

Човекот наведува дека му била дадена задача да ја затрупа дупката.

– Таа е создадена од никаде. Не знам ни колку е длабоко – вели тој.

На социјалните мрежи кружат различни теории.

Некои велат дека дупката е портал за подземјето, други дека е влез во база на вонземјани, а други дека кратерот го направила руска ракета која паднала над рудникот.