Најубавата приказна од Лигата на шампионите! Лани ја загубија титулата на последниот меч, сега се петти на табелата, но живеат бајка во Европа! (фото)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја напишаа најубавата приказна за оваа година во Лигата на шампионите, откако во два меча го совладаа фаворизираниот ПСЖ со 1:0.

Веројатно и најоптимистите навивачи на Дортмунд не веруваа дека ќе стигнат во финалето.

Борусија Дортмунд

Се говореше дека Атлетико Мадрид најдобро се снашол во ждрепката кога биле извлечени четвртфиналните двојки, но се покажало дека тоа не е така. „Ковачот“ на европскиот успех на клубот од западот на Германија, тренерот Един Терзиќ, беше единствениот кој веруваше во успех. А дали ќе биде комплетен ќе се види на 1 јуни на „Вембли“ за кога е закажано финалето во Лигата на шампионите.

Сепак, на „Сигнал Идуна Парк“ не беше сè така одлично. Особено летово, кога Един Терзиќ требаше да добие отказ. По шокантното реми во последното коло од Бундеслигата, по ремито 2:2 со Мајнц, Борусија директно му го предаде пехарот на Баерн. Терзиќ би можел да стави крај на „хегемонијата“ на Баварците со Леверкузен една година пред Чаби Алонсо. Беше на прагот да добие отказ, но управата на клубот реши да му даде уште една шанса, што се покажа како полн погодок.

Сепак, она што е интересно е што на клубот од областа Рур и оваа година не му цветаат рози во првенството. Тие се на петтото место на табелата и играат по принципот топло-ладно. Загубија многу бодови против релативно послаби тимови, но кога ќе излезете на терен во Европа, ситуацијата е сосема поинаква.

Очигледно е дека постои посебна врска меѓу играчите и Терзиќ и дека му веруваат, што е клучот за оваа плодна соработка. Сè уште е рано за донесување заклучоци, но како и да заврши оваа „европска одисеја“ на Борусија, нема сомнеж дека направија нешто што никој од нив не го очекуваше.