Откриена најголемата змија на светот: Застрашувачко видео, чудовиштето тешко 200 килограми, научниците потврдија дека се работи за нов вид (ВИДЕО)

Во амазонската прашума откриена најголемата змија на светот!

Северната зелена анаконда, долга помалку од осум метри и тешка речиси 200 килограми, ја откри професорот и ТВ водител Фрик Вонк. И покрај тоа што анакондата имала глава со големина на човек, професорот Вонк (40) не се плашел да му пријде на чудовиштето.

Неверојатна снимка покажува холандски биолог како плива покрај џиновска анаконда дебела како автомобилска гума.

Досега, само еден вид зелена анаконда – исто така наречена џиновска анаконда – е препознаен во Амазон. Северната зелена анаконда сега е потврдена како посебен вид во новата студија објавена во Diversity.

– Заедно со уште 14 научници од девет земји откривме дека најголемиот вид змии во светот е зелената анаконда. Тие се всушност два различни видови. Зелените анаконди пронајдени на север од нивниот опсег во Јужна Америка, вклучувајќи ги Венецуела, Суринам и Француска Гвајана, се чини дека припаѓаат на сосема поинаков вид. Иако на прв поглед изгледаат речиси идентично, генетската разлика меѓу нив е пет и пол проценти и тоа е огромна. Луѓето и шимпанзата, на пример, генетски се разликуваат едни од други за само околу два отсто – вели Вонк.

Новиот вид го доби латинското име Eunectes akaiima или северна зелена анаконда. Истражувачите велат дека веќе е загрозена.

– Регионот на Амазон е под голем притисок од климатските промени и континуираното уништување на шумите. Повеќе од една петтина од Амазон веќе исчезна, површина 30 пати поголема од Холандија. Опстанокот на овие легендарни џиновски змии е нераскинливо поврзан со заштитата на нивното природно живеалиште – вели Вонк.

Професорот Хесус Ривас, водечки автор на студијата, објасни дека сфатил дека има повеќе од еден вид зелена анаконда пред повеќе од 15 години. Потоа тој и неговата сопруга Сара, која исто така е научник, почнале да ги анализираат примероците за да ги докажат генетските разлики.

– Сара и јас почнавме да истражуваме во 2007 година кога првпат забележавме дека постои голема генетска разлика помеѓу примероците од Венецуела и некои примероци од Перу. Потоа го започнавме процесот на собирање примероци и соработници низ Јужна Америка и пошироко за да го комплетираме мозаикот од примероци што ни овозможи да ја составиме студијата. Работев во многу земји со многу колеги за собирање примероци. Сара ги правеше повеќето тешки задачи како секвенционирање на гените и филогенетска анализа – вели Ривас.

Тој наведува дека ги проучува анакондите веќе 32 години и сега се прашува уште колку видови има за кои не знаеме.

– Ако едно вакво легендарно животно беше незабележано толку многу години, што е со помалку упадливите и помалку проучуваните животни и растенија – прашува Ривас.