ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Немаме каде да бегаме! ХАМАС: Нема размена на заробеници додека не заврши војната (ВИДЕО)
Палестинците кои се преселија на југот на Појасот Газа, на предлог на израелската армија која им порача да се евакуираат на југ поради нападот на северот на Газа, сега велат дека по израелското бомбардирање на југот немаат каде да бегаат, објави Ројтерс.
Градот Кан Јунис е во фокусот на израелските воздушни напади и артилериски оган, во нова фаза од војната, откако борбите беа обновени во петокот по прекинот на огнот.
Во исто време, Салех ал-Арури, заменик-шефот на Хамас, рече дека нема да има натамошна размена на заробеници додека „војната во Газа не заврши“.
Тој рече дека преостанатите заложници се израелски војници и цивили кои служеле во израелската армија.
Тој подоцна додаде дека израелските заложници нема да бидат ослободени доколку не дојде до прекин на огнот и ако не бидат ослободени сите палестински затвореници.