СДСМ: Резолуцијата на американскиот Сенат ја потврдува заштитата на македонскиот јазик и култура

Нашиот најголем стратешки партнер, САД, со Предлог-резолуцијата за македонскиот јазик, култура и историја уште еднаш ја покажува својата посветеност за поддршка на нашата држава, се вели во соопштението на СДСМ.

„Резолуцијата во американскиот Сенат за одбележување на македонскиот јазик, култура и историја е и потврда за успехот на меѓународната политика на СДСМ и признавањето на конструктивната улога на Македонците во изградбата на американското општество.

Претходно, слична резолуција беше одобрена и од германскиот Бундестаг, со која македонскиот јазик, култура и историја добиваат признание и промоција во светски рамки.

Наспроти лагите на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет, факт е дека тие денес се заштитени и потврдени на меѓународно ниво како никогаш досега“, велат од СДСМ.