Урош Блажиќ и неговиот татко осудени на по 20 години затвор за убиството на девет лица

– Вишиот суд во Смедерево го осуди Урош Блажиќ на 20 години затвор бидејќи ноќта меѓу 4 и 5 мај минатата година уби девет, а рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.

Урош Блажиќ е осуден на 20 години затвор за кривичното дело тешко убиство, 10 години за оружје, 10 години за киднапирање и три години за неовластено користење туѓо возило, и му е изречена казна затвор од 20 години.

Тој е осуден на максимална можна казна за помлади полнолетни лица бидејќи во моментот на делото немал 21 година.

Неговиот татко Радиша Блажиќ, полковник во пензија, е осуден на 20 години поради незаконско држење на оружјето, со кое е извршено кривичното дело.

Ова е првостепена пресуда против која обвинителството и одбраната имаат право на жалба.