(ФОТО) ОВАА ФАТАЛНА “РУСОКОСА” Е ПРАВНУКАТА НА ТИТО Се откажа од презимето: Татко и е познат актер, а еве како изгледа Сара

Правнуката на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито и ќерката на режисерката Саша Броз, Сара Хас, е успешна сценографка. Таа заедно со нејзината мајка работеше на претставата „Случајна средба во продавница за возрасни“, а татко и е исто така од светот на уметноста.

Имено, тоа е актерот Ранко Жидариќ, кого многумина го засакаа во серијата „Наша мала клиника“.

Она што ги изненади сите е тоа што Сара го смени презимето и го зеде презимето на нејзината прабаба Херта Хас, за што и јавно проговори.

– Не го зедов моето презиме од прабаба ми само од почит кон неа, туку од почит кон две лица во семејството за кои знам дека им е бескрајно драго што барем некој се уште го носи презимето Хас. Менувањето на презимето не е голема промена за мене, бидејќи за сите секогаш сум Сара, на крајот на краиштата, не е тешко да се открие која сум“, изјави таа за Јутарњи лист пред неколку години.

– Пред две години рече дека сака да се ослободи од товарот на моето и презимето на Ранко и дека решила да го земе презимето на баба и Хас. Јас и Ранко знаеме што значи да се носи товарот на познато презиме, татко му е актерот Крешимир Жидариќ. Ја поддржавме затоа што чувствувавме дека ѝ дојде природно и дека има смисла – изјави Саша Броз за Вечерњи лист.