ХРВАТКА ДОШЛА ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ НОВАК! Ѓоковиќ: Нема да ти го дадам тоа што го бараш!

Новак Ѓоковиќ не сакаше да зборува за темата која најмногу го интересира регионот – прекинот на соработката со Горан Иванишевиќ.

Новинарката на Слободна Далмација од Хрватска по тој повод дојде во Белград, но не доби одговор на прашањето за раскинувањето на соработката на Новак со легендарниот хрватски ас:

– Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте – рекол Новак и потоа додал:

– Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја прекинавме соработката. Го видовте постот, значи… Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално, едноставно се разделивме и направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во таа смисла .