Англискиот фудбалер Сака финансираше станови за 26 турски семејства погодени од земјотресите

„Секој што има покрив над глава може да се смета себеси за среќен. Од еден ден во друг катастрофата им одзеде сѐ што имаа тие луѓе, не по нивна вина. Да можеш да помогнеш и да вратиш нешто значи многу за мене“

Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, се здружи со добротворната организација „BigShoe“ за да финансира сместување за 26 семејства раселени од земјотресот во Туркије, пренесува Анадолу.

„Секој што има покрив над глава може да се смета себеси за среќен. Од еден ден во друг катастрофата им одзеде сѐ што имаа тие луѓе, не по нивна вина. Да можеш да помогнеш и да вратиш нешто значи многу за мене“, изјави Сака за фондацијата „BigShoe“.

Невладината организација „BigShoe“, со седиште во Јоханесбург, е светска растечка мрежа на фудбалски и спортски навивачи што им помагаат на сиромашните деца за медицински операции.

Неколку фудбалери соработуваа со „BigShoe“ за да ги финансираат клучните операции за децата низ светот.

Месут Озил ги презеде трошоците за 11 деца за време на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

До средата, Пол Погба, Антонио Рудигер, Филип Лам, Олександр Зинченко и Букајо Сака се вклучија во добротворната организација „BigShoe“ за да им помогнат на децата заедно со спортот.

„Многу луѓе ги загубија своите домови во земјотресот во Туркије. Заедно со ‘BigShoe’, англискиот интернационалец @BukayoSaka87 финансираше сместување за жртвите: 26 погодени семејства сега живеат во контејнер – вклучително спални соби, дневни соби, кујни и бањи“, напиша „BigShoe“ на Твитер.

Повеќе од 50.000 луѓе загинаа, а над 107.200 беа повредени во двата силни земјотреса што ја потресоа Јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 области, вклучително и Кахраманмараш, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Елазиг и Шанлиурфа.