Пејачка со албанско потекло нападната на концерт! Маж се качил на бината и и удри шлаканица (ВИДЕО)

Обезбедувањето веднаш го избркало надвор

Пејачката Аманда Ава Кози, попозната како Ава Макс (29), настапила во вторникот вечерта во Лос Анџелес, кога маж кој присуствувал на концертот скокнал на сцената и и удрил шлаканица.

По инцидентот, Ава го продолжи настапот и покрај тоа што се здоби со повреди на лицето, а на едно видео се гледа како пејачката се држи за глава.

Непознатиот маж веднаш бил отстранет од концертот од обезбедувањето, а пејачката која се претставува како стопроцентна Албанка се огласила по скандалот и открила дека маж од публиката ја повредил и и ја изгребал внатрешноста на окото.

Да потсетиме, пред само два дена, уште една пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа беше удирана со телефон во главата на настап во Њујорк , откако покажа двоглав орел, симболот на Голема Албанија.