Бајден ветува, а нема пари! Дали наскоро Украина ќе остане без оружје? Ова е важно предупредување

Пентагон го предупредува американскиот Конгрес дека снемува пари за замена на оружјето што САД и’ го испратија на Украина, што веќе го забави опремувањето на некои единици, се вели во писмото на американското Министерство за одбрана упатено до лидерите на Конгресот.

Во писмото, кое го виде и Асошиејтед прес, од Конгресот се бара да ги надополни средствата за воена помош за Украина.

Главниот финансиски директор на Пентагон, Мајкл Мекорд, им кажа на лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот дека остануваат само 1,6 милијарди долари од 25,9 милијарди долари што Конгресот ги обезбеди за надополнување на американските воени резерви по испраќањето оружје во Украина.

Меѓу другото, тука спаѓаат милиони парчиња артилериска муниција, ракети и проектили кои се клучни за контраофанзивата на Украина и заземањето на териториите анектирани од Русија за време на војната.

МекКорд рече дека САД целосно останале без средства за долгорочно финансирање на Украина преку Иницијативата за безбедносна помош на Украина, која исто така обезбедува пари за производство на ново оружје.

По потпишувањето на нацрт-законот во неделата за продолжување на финансирањето на федералната влада за 45 дена, што не вклучува одредба за помош за Киев, американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Киев.

– Сакам да ги уверам нашите американски сојузници и американскиот народ и народот во Украина дека можат да сметаат на нашата поддршка, нема да се повлечеме – рече Бајден.