БАЈДЕН И ЕРДОГАН СЕ ДОГОВОРИЈА ОДНАПРЕД: Ќе се сретнат „лице в лице“, а на масата се теми кои можат СЕ да РЕШАТ!

Важна средба на самитот во Вилнус.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се сретнат на маргините на самитот на НАТО во Вилнус , соопшти денеска кабинетот на турскиот лидер.

Во соопштението се наведува дека Бајден и Ердоган се договориле лично да се сретнат во Вилнус и детално да разговараат за билатералните односи и регионалните прашања.

Бајден и Ердоган телефонски разговарале за ситуацијата околу членството на Украина и Шведска во НАТО и прашањето за снабдување на Турција со авиони Ф-16, како и за членството на Турција во ЕУ, соопшти кабинетот на Ердоган.

Ердоган рече дека Шведска презела некои чекори во вистинската насока со измена на антитерористичките закони, но фактот што поддржувачите на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во Турција продолжиле слободно да демонстрираат величење на тероризмот, ги направи преземените чекори бескорисни.

Ердоган посочи дека не е во ред да се поврзе барањето на Турција за набавка на авиони Ф-16 со членството на Шведска во НАТО и му се заблагодари на Бајден што го поддржал турското барање за Ф-16 , пренесе РИА Новости.

Ердоган рече дека Анкара очекува водечките земји од ЕУ и раководството на ЕУ да дадат јасен и силен сигнал за поддршка за членството на Турција на самитот во Вилнус. Самитот на НАТО ќе се одржи од 11 до 12 јули во главниот град на Литванија.