БЕБИ ДОЛ ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ ГО СМЕНИЛА ИМЕТО! Драгана Шариќ веќе не и пишува ниту на личната карта! Вака сега се вика пејачката!

0

Пејачката Драгана Шариќ, попозната како Беби Дол , пред пет години го сменила името и презимето.

Кукла

Како што тогаш изјавила, сакала да започне нов живот, па поради таа причина решила да го смени името, па нејзиното ново име е Дана Тодоровиќ.

– Едноставно решив повеќе да не се нарекувам Драгана Шариќ затоа што ми здодеа , но и затоа што сакам да започнам нов живот. Го сменив името во Дана Тодоровиќ. Морам да објаснам зошто. Дана е моето црковно име, а Тодоровиќ го зедов од мојот сопруг . Навистина ми се допаѓа како ми изгледа и би сакала луѓето во иднина така да ме нарекуваат – изјавила Бејби, која своевремено открила како го добила сега препознатливото уметничко име.

– Една вечер кога требаше да ја дизајнирам корицата за тој мој сингл, се појавија името Бејби и презимето Дол. Мислев дека на тој начин можам да ја задржам мојата приватност. Името го смисли, еве ќе го кажам, иако можеби не сака да биде спомнат во тој контекст, Срѓан Шапер . Како што јас му смислив многу работи, така и тој го реши овој проблем. Тој беше „кум“ – открила тогаш пејачката.