Министерот Бектеши најави мерки за да ги стабилизира цените на тестенините, а на неделно ниво ќе се разгледуваат цените за другите прехранбени продукти и не се исклучува можноста од проширување на листата на продукти со замрзнати цени.
Одлуката за укинување на субвенционирата струја за прехранбениот сектор е кај правници на разгледување и доколку Владата ја одобри ќе почне од 1 март или 1 април.
Досега околу 1,5 милион евра од Буџетот се платени за струја која ја потрошиле компаниите од прехрамбениот сектор од кои голем дел не ги намалија цените
Граѓаните нема да плаќаат произволни цени за белиот и полубелиот леб од 1 март. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе ја замрзне цената на овие два продукта и ќе изнесува 33 денари. Одлуката за замрзнување според најавите ќе се донесе на владината седница во вторник.
„Сакам да најавам дека во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари. Пзараниот инспекторат ќе проверува не само за цената туку и за количината бидејќи утврдивме дека одредени трговци ги намалија цените но и грамажата. Под 450 грама бел и полубел леб нема да се продава над 33 денари. Нема да оставам граѓаните да плаќаат повисоки цени од реалните. Министерството за економија работи и за другите производи и ќе следат нови одлуки во делот на замрзнување на цените. Нема да има воени профитери во време на голема криза, ова е само првиот чекор “, дециден е министерот Бектеши.