Брачниот живот на Анастасија Ражнатовиќ навистина ѝ годи: Блеска и без трошка шминка! (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ, неодамна Гудељ, изгледа дека максимално ужива во бракот. Во најновите „сториња“ ќерката на Цеца покажа како блеска без шминка на лицето.

Бидејќи јавноста претежно ја гледа врвно дотерана, таа изненади многумина со овој потег, а секако предизвика различни реакции кај својата публика.

Не недостигаа позитивни коментари, исто така, поради нејзиното лежерно издание.

Да потсетиме, свекорот на пејачката Небојша Гудељ неодамна се осврна на свадбата на Анастасија и Немања која сè уште е во подготовка. Познатиот фудбалер, сега тренер, се обрати за гласините за забавата за која се веруваше дека семејствата ќе ја организираат до крајот на оваа година, велејќи:

– Притоа, морам да се оградам и да реагирам на тоа дека не е вистина и не е првпат некој да шири лаги и глупости за моето семејство. Нека ги остават семејството и децата да живеат нормално и да напредуваат во нивните животи. Никој нема да одлучува наместо нас за нашите принципи на живот, датуми, места и други детали, а први кои ќе дознаат за тоа се секако родителите, потоа семејството и пријателите.

Потоа, тој заврши велејќи:

– Оваа година нема свадба а ако има таа ќе биде во Белград. Ние не сме разговарале за тоа. Во нашето семејство постои хиерархија која се почитува и ние како семејство секојдневно комуницираме. Дури и кога не се слушаме, многу добро се разбираме и имаме свој идентитет и култура што сме ги создале низ нашето патување и живот во нашиот процес и визија за животот.