Британска тајна служба: Руската паравоена група Вагнер има финансиски проблеми

Паравоената група Вагнер веројатно повеќе не добива средства од руската држава. Така претпоставува британската тајна служба. За платениците тоа значи: заштеда на персонални трошоци.

Според британски извори, се чини дека групата Вагнер повеќе нема да биде финансирана од руската држава и затоа ќе мора да се намали.

„Целта е очигледно да се заштедат пари за персоналните трошоци“, соопшти Министерството за одбрана во Лондон, повикувајќи се на дневниот билтен на Воената тајна служба.

Постои „реална можност“ канцеларијата на претседателот Владимир Путин во Москва повеќе да не ги финансира платениците на групата Вагнер.

„Доколку руската држава престане да и плаќа на групата Вагнер, вториот најсигурен извор на плати се белоруските власти“, се вели во соопштението.

Но, тоа би ги оптоварувало ресурсите на Белорусија. Таму моментално платеници од групата Вагнер обучуваат белоруски војници.

Шефот на групата Вагнер го обвинува Шојгун за некомпетентност

Платениците на групата Вагнер долго време беа столбот на редовната руска армија во војната против Украина.

Но, началникот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин, масовно и јавно го критикуваше руското воено раководство и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, обвинувајќи ги за неспособност.

На крајот на јуни Пригожин наредил почеток на бунт против руските воени водачи и марш кон Москва. По два дена бунтот беше прекинат.

Платениците на Вагнер во Мали, Сирија и Либија

Според белорускиот претседател Александар Лукашенко, тој посредувал меѓу Пригожин и Путин.

После тоа, Пригожин привремено замина во егзил во Белорусија.

Не е јасно каде престојува во моментов. На барање на владата во Минск, неговите платенички единици, Вагнер обучуваат белоруски војници во воен камп во близина на границата со Полска.