ВИДЕО | ДРАМА ВО МОСКВА – Украинската тајна служба се обидела да го убие Владимир Путин со помош на моќен дрон !? Германците тврдат: “На леталото беа закачени 30 бомби од 17 килограми!“

0

Според истрагата на германскиот весник Bild, украинската тајна служба во неделата се обидела да го убие претседателот на Русија, Владимир Путин со беспилотно летало, дрон – камиказа. Иако обидот за атентат не успеал, руските власти го чуваат обидот во тајност.

Дронот UJ-22 полетал во Украина во неделата попладне – тоа е најмодерниот украински дрон со среден домет до 800 километри. Нивната цел наводно бил новоизградениот индустриски парк во близина на Москва, кој се наоѓа на 500 километри од Украина.

Украинскиот активист Јуриј Романенко, за кој се вели дека има блиски врски со киевските разузнавачки служби, во писмото во кое ја презема одговорноста вели: „Минатата недела нашите разузнавачи добија информации за патувањето на Владимир Путин во индустрискиот парк Руднево. Соодветно на тоа полета наше беспилотно летало камиказа, кое прелета низ целата воздушна одбрана на Руската Федерација и се урна недалеку од индустрискиот парк“.

Навистина, неколку руски медиуми објавија пад на беспилотно летало UJ-22 во близина на селото Вороского, источно од Москва. Местото на несреќата е на околу 20 километри источно од индустрискиот парк Руднево.

На видео-снимката се гледа дека на дронот имало 30 блокови од експлозив C4 со вкупна тежина од 17 килограми. Експлозивните полнења М112 користат, меѓу другите, Армијата на САД и канадските вооружени сили.

︎Личниот дописник на Владимир Путин од Кремљ, Павел Зарубин, во неделата наутро изјави дека „претседателот планира„да посети индустриски парк во Москва“.

Руските минувачи во неделата попладне објавија фотографии од индустрискиот парк Руднево, на кои се гледа сивиот тревник пред главната зграда, кој бил испрскан со зелена боја, пишува весникот.

Сепак, не е јасно дали претседателот на руската држава сакал да го посети индустрискиот парк во недела или во понеделник – од безбедносни причини, посетите на Владимир Путин понекогаш се вршат еден ден пред да бидат објавени.

︎Затоа Украина не можеше да биде сигурна дали посетата ќе се одржи „на почетокот на неделата“ во недела или понеделник.

Очигледно Владимир Путин не бил таму. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во понеделникот кажа: „Рускиот претседател Владимир Путин работи во Кремљ. Шефот на државата не планира никакви големи јавни настани“.