ВИДЕО | СТРАШНО – Вознемирувачко: Ајкула нападнала жена и ѝ ги забодела забите во грбот! Она што го направила таа по нападот ги оставило сите без зборови…

Застрашувачката видео-снимка на која ајкула си ги „потонува“ вилиците во задниот дел од телото на медицинска сестра (30 г.) која пливала на Малдивите ги оставила сите без зборови додека госпоѓата веднаш по чистењето на раната скокнала назад за да плива со ајкулите.

Кармен Кановас Сервело нуркала со фотографот Ибрахим Шафиг кога ја нападнал водниот ѕвер.

Сосема случајно, Ибрахим Шафиг ја вклучил камерата неколку минути пред нападот за да го овековечи моментот. На крајот снимил нешто на што не ни се надевал.

За среќа, ајкулата брзо се движела и Кановас Сервело излегла од водата само со гребаници на грбот, пишува The Sun.

Инаку, тој ден заедно нуркале со десетина огромни ајкули кои слободно пливале околу нив. Наводно со нив пливале дури 45 минути.

И двајцата авантуристи биле само во опрема за нуркање и слободно пливале со ајкулите широки три метри повеќе од 45 минути пред да се случи катастрофата.

Една ајкула почувствувала дека нуркачите се премногу блиску и ја покажала својата доминација гризејќи го рамото и горниот дел од грбот на жената.

Иако тоа било само за кратко време, неманот остави длабока трага во дијаметар од околу 20-тина сантиметри на телото на медицинската сестра.