(ВИДЕО) Мартин дури 12 години бил во кома, а кога се разбудил, неговото семејство не можело да поверува што им рекол…

Мартин Писториус од Јужноафриканската Република бил типично момче кое сакало да игра, а потоа паднало во кома од која не се разбудил цели 12 години, пренесува Fox news.

Ги отворил очите од длабок сон во 2001 година, а денес држи мотивациски говори за тоа како е да се живее во свет во кој не можеш да кажеш „те сакам“.

Неговото детство нагло било прекинато од мистериозна болест кога еден ден се вратил од училиште со болно грло, но мајка му не обрнувала внимание на тоа, мислејќи дека сето тоа брзо ќе исчезне ако пие чај.

Меѓутоа, состојбата на Мартин брзо се влошила и тој повеќе не можел да оди, да стои или да зборува. Лекарите претпоставувале дека боледува од криптококен менингитис, но пред да успеат да направат нешто, момчето паднало во кома.

Во раниот период за кој Мартин не знаеше ништо, тој беше во длабока кома. Посебна грижа за него организирало семејството – од капење, хранење со помош на сонда, поместување. Но, Мартин на 16 години одеднаш се разбудил и станал свесен за се што се случува околу него. Сепак, тој сè уште не можел да се движи, да комуницира со семејството или на кој било начин да им го покаже своето присуство.

-Го мразев центарот за нега, беше страшно. Ништо не ми направија, ме влечеа за коса и ме удираа со метална лажица за забите за да јадам. Често ми даваа топол чај, ми удираа шлаканици, се однесуваа како да не се луѓе – изјавил Мартин.

Покрај тоа, тој дури се пожалил и на сексуално злоставување во кое домашната помошничка го газела и симулирала секс по неговото тело, допирајќи ги неговите гениталии.

  • Ќе ме ставеа пред телевизорот, кој ќе работеше цело попладне. Секој ден програмата беше иста, Барни диносаурусот. Боже, колку ја мразев таа емисија – се присетил тој.

Од се што доживеал во коматозното тело, како најболен момент го наведува она што му го кажала мајка му. Имено, таа во еден момент застанала до него, го избришала со крпа и гледајќи го неговото безживотно тело гласно рекла: „Се надевам дека ќе умреш“.

Мартин го слушнал тоа и му останало во сеќавање. Иако тоа го растажи ужасно во тоа време, денес тој целосно го разбира.

  • Најлошото беше што не можев да ја гушнам и да и кажам колку добро се грижи за мене, колку сум ѝ благодарен – низ солзи објаснил Мартин.