ВИДЕО | ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА – Надреални сцени од Франкфурт, водата носи се пред себе: Евакуирани повеќе места, погледнете
Поради силното невреме што во средата го зафати германскиот регион Хесен, во франкфуртската област Заксенхаузен е евакуирано метрото, а на аеродромот откажани се бројни летови бидејќи дождот ја поплави пистата, пренесуваат германските медиуми.
„Меѓу другото, на пистата се собраа големи количини на вода“, изјавил портпаролот на аеродромот за германските медиуми.
Многу летови се откажани, одложени или пренасочени кон други аеродроми во Германија. Во областа Заксенхаузен, метрото е евакуирано. Како што објави T-Online, маса вода влегла во возот на аеродромот, а во акција биле стотина пожарникари.
Невреме имало и во други делови на Германија, но се чини дека немало поголеми последици. Во сојузните покраини Баден-Виртемберг, Пфалц-Рајнска област и Тирингија во текот на ноќта биле поплавени неколку од подрумите на згради и куќи.
„Огромното количество дожд ги подигна и капаците на шахтите“, соопшти полицијата за германските медиуми.
Стотици пожарникари се распоредени во јужниот дел на Хесен, соопшти портпаролот на полицијата. Поплавени се подруми, улици и подвозници, јавуваат тамошните медиуми.
Германската метеоролошка служба издаде предупредување за силни грмотевици со обилни врнежи од среда навечер за цела Хесен и другите делови на Германија, пренесуваат германските медиуми.