Герасимовски: Останете трудољубиви и борбени за вашата видливост и признавање на успесите

0

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски и раководителот на финансии и стратешки развој Вангел Андревски, денеска на Меѓународниот празник на жената 8 Март, им поделија рози на жените во Дебар Маало и Буњаковец.

– Вие сте столбови на семејствата, но истовремено и суштински дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во секое општество. Затоа го заслужувате секое признание за вашата храброст, истрајност, достоинство и посветеност. Ви ги честитам успесите, бидејќи вашите секојдневни достигнувања се пресликуваат врз македонското општество, правејќи не сите нас горди. Останете трудољубиви и борбени за вашата видливост и признавање на успесите, порача Герасимовски.

Како што информираат од Општина Центар, претходно Герасимовски им го честиташе празникот на колешките во општината и изрази поддршка за нивните активности.

– Храброста на жените е движечка сила за прогресот на општеството, секогаш и секаде, затоа родовата еднаквост не е само прашање на основни човекови права, туку е основа за просперитет и одржлив развој на државата, итакна Гераимовки.