Германија го повика Израел да ја почитува слободата на медиумите по инцидентот со новинарите

0

– Германската влада го повика Израел да ја почитува слободата на медиумите по инцидентот меѓу израелските војници и тим германски новинари кои известуваат од Западниот Брег.

„Во ваква тензична ситуација каква што се наоѓаме во моментов, слободата на печатот е, се разбира, исклучително вредна предност“, изјави денеска портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.

Таа побара на претставниците на медиумите на терен да им се овозможи слободен пристап во нивното известување.

Новинарите од германскиот јавен радиодифузен сервис АРД изјавија дека биле привремено приведени и под закани од израелски војници на Западниот Брег додека известувале за „насилните напади на екстремистичките еврејски доселеници врз Палестинците“.

Како што јави АРД, војниците се однесувале крајно агресивно кон новинарите и постојано го вперувале оружјето кон возилото на репортерската екипа.