Федералното обвинителство на Германија соопшти дека на 18 и 20 јануари наредило проверка на бродот, кој можеби е поврзан со експлозиите на гасоводот „Северен тек“, изјави за ТАСС портпаролката на Обвинителството.
– Постои основано сомневање дека бродот, кој е под истрага, можеби бил користен за транспорт на експлозивни направи на 26 септември минатата година до гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море. Проценката на пронајдените траги и предмети е во тек. Идентификацијата на сторителите и нивните мотиви е предмет на истрага која е во тек. Во овој момент не може да се даваат конкретни изјави на оваа тема, рече портпаролката.
Бродот, кој можеби бил вмешан во саботажа на Северен тек, бил изнајмен од германска компанија, но никој од вработените не е осомничен, рече таа.
Претходно „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори во американската администрација, објави дека американските власти објавиле дека новите разузнавачки податоци даваат основа да се претпостави дека зад нападот на гасоводите стои проукраинска група.