Дали мажите или жените повеќе озборуваат? Резултатите од истражувањето ќе ве изненадат

Просечниот маж успева да зачува доверливи информации околу два часа и 47 минути, а колку повеќе размислува за тоа, толку потешко се поднесува психички.

Верувале или не, мажите се поголеми озборувачи од жените. Современите мажи не знаат да чуваат тајна, тврдат научниците од Колумбија бизнис школа, чие истражување покажало дека за испитаниците чувањето доверливи информации е исто толку заморно како и физичките бидејќи на сличен начин им ја троши енергијата.

40 минути пократко

Повеќе од половина од мажите кои учествувале во истражувањето признале дека тајната не успеваат да ја сочуваат ниту неколку минути откако им била доверена. За разлика од нив, жените ја чуваат информацијата најмалку три и пол часа пред да одлучат да ги споделат со своите пријатели.

Истражувањето спроведено од компанијата „Fifth Estate“ покажало дека просечниот маж успева да зачува доверливи информации околу два часа и 47 минути, речиси 40 минути помалку од просечната жена.

Запишете го

чуварите тврдат дека чувањето тајни може да биде толкаво оптоварување што, колку почесто се размислува за тоа, толку повеќе човекот интелектуално се исцрпува, ја губи мотивацијата за работа и паѓа во депресија.

– Претерано размислување за тајна поврзана со работата може да биде многу демотивирачки – вели Мајкл Слепиан, асистент во CBS и коавтор на студијата

Затоа советува тајната да ја споделите со доверлива личност, а на оние кои немаат, им предлага едноставно да ја запишат.

– Во сите овие случаи личноста ќе почувствува психичко, но и физичко олеснување – рече Слепијан.