Десетгодишно дете попладнево било прегазено на „Пластичарска“ во Скопје. Возачот кој го удрил детето избегал од местото на несреќата.
Детето било пренесено во Ургентен Центар – Скопје, каде била констатирана смрт.
По несреќата полицијата уапсила дваесет и едногодишно момче осомничено дека ја предизвикало сообраќајката.