Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска се возеше со повеќе автобуски линии на неколку релации во општината во рамки на бесплатниот градски превоз за сите граѓани во Куманово.
-Имав можност да разговарам со ученици, работници, пензионери, студенти кои редовно ја користат оваа јавна услуга. Навистина ми е драго што мерката за бесплатен јавен превоз е позитивно прифатена од сите граѓани и претставува вистинско олеснување на семејниот буџет за многу семејства, кои отворено го искажуваа своето задоволство, со многу позитивни коментари и предлози. Разговарав и со возачите и ги слушнав нивните идеи и сугестии за подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните, рече Димитриевски.
Тој потенцираше дека линиите што ги користел немаат задоцнувања, а ја забележал и инспекциската контрола од Општината како активно ја следи редовноста на линиите.
-Подобрување на условите за граѓаните останува главен приоритет на општина Куманово во сите сегменти, додаде Димитриевски.
Бесплатниот јавен превоз почна минатиот месец и ќе трае до јуни годинава. Претходно на седница на општинскиот Совет беше донесена одлука за воведуавње бесплатен превоз кон крајот на минатата година