Долина на смртта! Тоше и Долорес загинаа на ова страшно место: На оваа пејачка Господ ја спасил а мештаните веруваат во едно (фото)

Тоше Проески го загуби животот на автопатот Загреб – Липовац на влезот во Нова Градишка на 16 октомври 2007 година, а во автомобилот во тој момент со него била и неговата менаџерка Љиљана Петровиќ. За жал, тој не е единствениот кој доживеал несреќа на истото место. На овој пат трагично загина и хрватската актерка Долорес Ламбаша, која како и Тоше спиела на совозачкото седиште кога се случила сообраќајната несреќа.

Тоше Проески, автопат

Пејачката Ханка Палдум доживеала сообраќајна несреќа на автопатот кон Загреб каде поминала без повреди иако автомобилот бил целосно уништен. Таа имала сообраќајна несреќа на автопатот А3, кај градот Криж кај Иваниќ-Град.

– Фала му на Бога што ме заштити. Не ми се верува дека и јас излетав на тој проколнат автопат, каде што загинаа моите колеги Тоше Проески и актерката Долорес Ламбаша. Не знам што не е во ред со тој пат, но не е нормално. Го видов знакот на Крстот и кога ќе размислам, тоа беше некаков знак од небото – изјави тогаш Палдум.

Ханка Палдум

За жал, несреќите не завршуваат тука. Имено, актерот Емир Хаџихафизбеговиќ усмртил жена во сообраќајна несреќа на 12 октомври 2014 година на овој автопат. Тој беше осуден на една година затвор. Оваа пресуда е резултат на целосно признавање на вината и договор со обвинителството.

Жителите кои живеат по таа делница веруваат дека патот е маѓепсан и тука се судираат подземните води и темните сили. Токму на ова место возачите се жалат на халуцинации и необјасниви појави.