ДОМИНАЦИЈА КОЈА ТРАЕ! Верстапен победи на трката за Големата награда на Јапонија

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Јапонија.

Трикратниот последователен светски шампион во Сузука ја постигна 57-та победа во кариерата. Холанѓанецот освои и дополнителен поен за најбрз круг на трката.

Второто место го зазеде неговиот тимски колега Серхио Перез, а трет Карлос Саинц од Ферари.

Возачот на Ферари, Шарл Леклерк го освои четвртото место, петти Ландо Норис од Мекларен, а шести Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел го освои седмото место, Оскар Пјастри од Мекларен беше осми, Луис Хамилтон од Мерцедес беше деветти, а домашниот возач на РБ Јуки Цунода беше 10-ти.

Следната трка во шампионатот се вози на 21 април за Големата награда на Кина.