„ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА“ Мегапроект на НАТО: На Балканот се гради најголемата воена база во Европа, ќе чини милијарди долари!

НАТО одлучи значително да го зголеми своето присуство во Источна Европа откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 22 февруари.

Во Романија започна изградбата на најголемата база на НАТО во Европа, пренесува Euronews.

Станува збор за мегапроект вреден дури 2,5 милијарди долари, а големата база ќе се простира на дури 2.800 хектари. Според Euronews, ова всушност ќе биде проширување на постоечката база на воздухопловните сили на Романија, Михаил Когалничеану.

За трупите и воената опрема на НАТО да имаат апсолутно се што им е потребно, ќе се прошират и изградат нови писти, хангари за авиони и хеликоптери, голем број магацини за оружје, гориво и сета можна опрема, а ќе се изградат и нови училишта за потребите на самите војници и нивните семејства, градинки, продавници и болница.

НАТО одлучи значително да го зголеми своето присуство во Источна Европа откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 22 февруари. Покрај тоа, две нови европски членки – Шведска и Финска – се приклучија на алијансата во изминатите две години.

Така, една од декларираните цели на Москва и претседателот Путин – да го турнат НАТО што подалеку од руските граници – всушност не успеа. Имено, Романија е сосед на Украина и Молдавија (во која одметничката покраина Придњестровје сака да се приклучи на Русија), додека Финска ја дели границата со Русија од дури 1.300 километри – пред тоа, вкупната граница на Русија со членките на НАТО беше – 125 километри.