Според првите информации бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала
Земјотресот денеска беше силно почувствуван во подрачјето на Свилајнец.
На веб-страницата ЕМСЦ се наведува дека земјотресот се случил во 09:47 часот.
Според првите информации бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е почувствуван и во Белград, сведочат граѓаните.
– Почувствував дека се ниша – вели една белграѓанка.
Земјотресот е почувствуван и во Петровац на Млава, а се стресе дури и во соседна Бугарија.
– Добро не потресе овде во Лом – сведочат жителите на Бугарија, кои живеат на околу 130 километри од епицентарот, пишува Телеграф.