КАКО ЖИВЕЕ „ПРИНЦЕЗАТА ОД ОТПАДОТ“: Живеела во шатор, немала ниту храна ниту вода, а потоа преку ноќ СЕ СЕ ПРОМЕНИЛО
Малиша од Мумбаи е девојка чии соништа се остварија и нејзината приказна е доказ дека чудата се можни
Ова е неверојатната приказна за Малиша Карва од Мумбаи , Индија, која се издигна од екстремна сиромаштија до неверојатно богатство и холивудска слава.
Малото девојче го нарекуваат и „ Принцеза од отпадот“ или „Принцеза од сиромашниот кварт“. Ова петнаесетгодишно девојче живеело во куќа налик на шатор во многу сиромашниот дел на Мумбаи.
Нејзиниот татко работел како кловн на родендени, додека едвај успевал да го прехрани семејството.
Животот во сиромашниот кварт бил тежок за Малиша и нејзиното семејство. Немаа вода за пиење и никогаш немаа доволно храна. Имаше моменти кога ќе останеа без покрив над главата.
„ Кога е многу топло во Мумбаи, мораме да спиеме на карпите во близина на морето. Но, тоа никогаш не беше причина за тага “, изјави еднаш Малиша.
Оваа убава Индијка често велеше дека нејзиното семејство е секогаш среќно, без оглед на условите во кои живеат.
Чудно и е кога луѓето ја прашуваат како можела да биде среќна во таква сиромаштија, но овие луѓе не разбрале дека имотот не носи среќа, дека суштината е радоста на животот што човекот ја има внатре.
Малиша и денес тврди дека среќата не ја носи големината на куќата или убавата кола , најважно е да имате семејство полно со љубов, поддршка и пријатели. Таа верува дека со напорна работа можете да постигнете сè што сакате.
Малиша секогаш сонувала да стане модел. И тогаш пред три години се случи нешто неверојатно.
Таа го привлече вниманието на актерот Роберт Хофман: „ Бев фасциниран кога ја видов, седеше на душек во импровизиран шатор. Беше толку импресивна “.
„ Таа стоеше меѓу група жители на сиромашните квартови, но нејзиното лице беше толку извонредно што беше невозможно да не се забележи “, рече актерот.
И покрај тоа што беше забележана од познат холивудски актер, многумина се сомневаа дека нејзиниот живот ќе се промени на подобро.
„ Дефинитивно мислам дека мојата приказна е необична. Многу луѓе мислеа дека не можам да бидам модел затоа што имам темна кожа, но јас докажав дека чудата се можни. Веќе не ми е гајле ако некој ми каже дека не можам да направам нешто, затоа што знам дека тоа не е вистина. Во моментов животот ме носи во неверојатна авантура “, рече Малиша.
Досега Малиша добила понуда за два холивудски филма, а станала заштитно лице на луксузен бренд.
Кога Малиша за прв пат се виде на билбордот, не можеше да поверува. Нејзината реакција е снимена и објавена на Инстаграм. Нејзиното лице светна од задоволство.
Приказната на Малиша е потсетник дека соништата навистина се остваруваат и дека чудата се можни.