Клебо најбрз на класичниот спринт на Светското првенство во нордиски дисциплини

0

Норвешкиот скијач Јоханес Клебо победи на денешниот спринт на 1,4 км класично на Светското првенство во Планица, Словенија.

Норвежанецот растојанието го помина за 2:56,07 минути и се закити со златниот медал.

Клебо по седми пат стана светски шампион.

Втор на целта мина неговиот сонародник Пол Голберг, додека третото место му припадна на Французинот Жил Шапа.