Интересен детал беше виден на натпреварот во Полска.
Имено, навивачите на полскиот прволигаш Јагелонија раширија транспарент на кој се споменуваат Србија и Косово.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/03/336989065_736928778091244_3765940689363625548_n-jpg.webp)
На транспарентот има исцртана територија на Косово и Метохија во боите на српското знаме, со натпис: “Косово е Србија”.
Јагелонија е клуб кој се бори за опстанок во Екстракласа, највисокото ниво на полскиот фудбал.